Фудбал
7. јуни 2016 - 10:58

УЕФА: Скендербег суспендиран поради местење

Шампионот на Албанија, Скендербег од Корча, соопшти дека од страна на УЕФА клубот е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради местење на натпревари.
 
Клубот во своето соопштение потенцира дека „УЕФА неправедно го суспендирала клубот од сите европски натпреварувања во сезоната 2016/2017“.
 
Инаку, УЕФА покрена истрага против Скендербег и некои други тимови од неколку други национални шампионати, врз основа на информации добиени од навивачи, медиуми и обложувалници. 
 
„Сигурни сме дека правата кои УЕФА ни ги одзеде ќе ни бидат вратени од страна на Спортскиот суд за арбитража во спорот“, наведува во соопштението шесткратниот албански шампиони.