-->
-->
УЕФА: Симната суспензијата на ФК Партизан
-->
Фудбалскиот клуб Партизан ја избегна суспензијата од страна на УЕФА, откако двете страни постигнале договор да биде суспендирана едногодишната забрана за настап во европските купови.
УЕФА најави дека ќе го суспендира Партизан поради долгот од 2,5 милиони евра заклучно со септември 2016 година. Најголемиот дел од долгот (околу 1,9 милиони евра) отпаѓа на придонеси и данок кој клубот треба да го плати кон државата.
Како што објавија српските медиуми договорот во текот на денот од Нион треба да пристигне на клупската адреса, а потоа тој ќе биде проследен до судот за Спортска арбитража во Лозана, каде Партизан ја обжали првичната одлука на УЕФА.
Упатените коментираат дека во вакви случаеви судот го прифаќа договорот на двете страни. Судот потоа договорот го верификува и истиот се става ад акта.
Партизан ќе може да се натпреварува наредната сезона во европските купови, но УЕФА извести дека клубот ќе биде под засилен мониторинг, со напомена дека доколку повоторно има „финансиски дупки“, дека тогаш казната ќе биде ригорозна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка