Loading Video...
Фудбал
18. јуни 2021 - 16:12

УЕФА се заканува, финалето од Лондон се сели во Будимпешта

 
Како што пренесуваат англиските медиуми, УЕФА сериозно размислува на Англија, односно Лондон да им ја одземе организацијата на звршницата на Европскиот шампионат. 
 
Имено, иако „Вембли“ односно Лондон треба да биде меѓданот каде би се играле завршните нбатпревари на ЕУРО, сепак, во УЕФА сериозно размислуваат на алтернатива. 
 
Причината се рестриктивните мерки во Велика Британија, за странските државјани кои имаат потешкотии да влезат на британско тло, а според кои сите кои не се Британци мораат да престојуваат во карантин.
 
Европската куќа на фудбалот очекува над 2.500 најавени ВИП гости и лицата за самата завршница, па доколку Британците истрајат во својата намера, тоа ќе предизвика сериозедн проблем. 
 
Токму затоа во УЕФА размислуваат за алтернатива за организација на полуфиналните натпревари и финалето, а според најавите изборот би бил Будимпешта, односно Унгарија, каде нема ограничување на капацитетот на стадионот кој располага со 55.662 гледачи на трибините.