Loading Video...
Фудбал
4. April 2020 - 16:11

УЕФА размислува за нов термин за финалните бараж дуели

 
 
Во УЕФА размислуваат за пролонгирање на финалните бараж дуели во Лигата на нациите, преку кои треба да се пополнат на последните места за Европскиот шампионат. 
 
Откако УЕФА го одложи ЕП за следното лето, по што беа презакажани и бараж дуелите, сега челиците на европскиот фудбал размислуваат полуфиналните дуели да се играат во септември, а финалните најверојатно месец дена подоцна односно во . 
 
Последно што како одлука го донесе уеша беше, полуфиналните бараж дуели да се играат 3-ти, а финалните мечеви пет дена подоцна на 8 септември. 
 
Но, сега во УЕФА сметаат дека нема потреба од брзање, па најавуваат дека наскоро ќе ја официјализира одлуката полуфиналето и финалето да се играат во два различи репрезентативни прозорци.
 
Ова значи дека е во септември би се играле само полуфиналните дуели, односно мечот во кој македонската репрезентација ќе го пречека Косово во Скопје, додека финалето би се играло во октомври, а во него Македонија би гостувала победникот од мечот Белорусија или Грузија.
 
Засега нема потврда од УЕФА, со оглед на тоа дека од Нион инсистираат сите домашни шампионати да се одиграат до крај, како би биле познати учесниците во европските купови за следната сезона. 
 
Проекциите и плановите се само добра желба, но реалноста е дека во моментов ниту една земја со сигурност не знае кога ќе може да се создадат услови фудбалот да се игра безбедно