Loading Video...
Фудбал
21. April 2020 - 17:31

УЕФА пресече, националните првенства мора да се доиграат

Конечно европската куќа на фудбалот зазеде став за националните првенства со што сигурно многу ќе им ја олесни состојбата на националните федерации кои беа во дилема дали да ги прекинат првенствата како што тоа го направи Белгија.

                На денешниот видео состанок на претставниците на УЕФА и генералните секретари на 55-те европски асоцијации донесена е одлука професионалните шампионати во сите европски земји да се доиграат. Преодниот рок да трае од 1. Јули до Нова година а најдоцна до 15-ти октомври би започнале националните првенства.  Новото издание на Лигата на нациите би стартувало во септември со тоа што неодиграните бараж средби од ова натпреварување вклучително и средбата Македонија – Косово би се играле во Ноември или март наредната година во зависност од состојбата со пандемијата.

                За жал УЕФА ги откажа сите младински натпреварувања за оваа година вклучително и У-17 и У-19 во кои трбаше да настапи Македонија. За овие селекции ќе се бараат нови термини.