Фудбал
12. јуни 2021 - 20:25

УЕФА објави: Мечот меѓу Данска и Финска ќе се доигра вечерва

Откако натпреварот меѓу Данска и Финска беше прекинат по страшните сцени и падот на Кристијан Ериксен, на состанокот меѓу претставниците на двете селекции, официјалните лица и претставници од УЕФА беше договорено продолжување на мечот. 

Рестартот е закажан за 20:30 часот и ќе продолжи со неколкуте минути пред полувремето. Фудбалерите на двете селекции прво побараа гаранција дека Ериксен е добар и стабилен, информација што пристигна од повеќе извори, а дури потоа прифатија пак да истрчаат на теренот. 

„По барање на фудбалерите на двете селекци, УЕФА се сложи мечот меѓу Данска и Финска да продолжи во 20:30. Ќе се одиграат последните четири минути од првото полувреме, по што ќе има пет минути пауза, па ќе продолжи второто полувреме“, стои во соопштението на УЕФА.