УЕФА ќе засади 600.000 дрвjа во 12 држави
Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, објави дека планира спроведување акција за засадување на 600 илјади дрвjа во 12-те држави кои ќе бидат домаќини на Европското првенство следната година.
Организацијата предводена од Словенецот Александер Чеферин, на ваков начин сака да се обиде да ја намали емисијата на јаглерод диоксид при патувањата на навивачите во земјите каде ќе се игра континенталното првенство.
УЕФА реши на 60-годишнината од првото ЕП, шампионатот да го додели на дури 12 земји, и тоа ќе биде нешто невидено, и огромен зафат околу организацијата бидејќи во земјите има различни закони, потреба од визи за влез, мечеви во и надвор од Европска унија, и слични проблеми.
Масовните патувања на фановите ќе придонесат за големо загадување и валкање, па затоа УЕФА со садење дрвца ќе се бори против загадувањето на животната средина.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж