-->
-->
УЕФА ја потврди суспензијата на Адеми
-->
Дисциплинскиот суд на УЕФА во петокот му ја потврди четиригодшината суспензија, поради позитивен допинг тест на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Адеми ја обжали првичната одлука на УЕФА и се надеваше дека Дисциплинската комисија ќе му ја намали казната, но за жал овој орган само ја потврди суспензијата до 2019 година.
„Незадоволни сме од оваа одлука и потврдената суспензија, бидејќи имавме докази кои укажуваа на нешто друго. Овде нема да застанеме, одиме понатаму, ќе се жалиме до Судот за спортска арбитража и се надеваме дека тие ќе донесат поинаква одлука“, рекол директорот на Динамо Загреб, Томислав Светина.
Адеми беше позитивен на анаболички стероид станозол, на тестот кој му беше направен по натпреварот во Лигата на шампионите со Арсенал. Адеми последен пат во тимот на Динамо беше на 3. октомври минатата година. Откако УЕФА му ј изрече суспензијата тој тренираше со четвртолигашот Кустошија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат