Фудбал
25. April 2018 - 10:10

УЕФА го суспендира Панатинаикос на три години

Поради долгови кон фудбалерите УЕФА го суспендира 20-кратниот грчки шампион Панатинаикос на три години од сите европски натпреварувања.
Ваквата одлука доаѓа по штрајкот на играчите кои имаат побарувања уште од минатата година. УЕФА уште во декември го предупреди грчкиот клуб а грчката федерација од исти причини го казни Пао со одземање на три бода и 100 000 евра парично.