Фудбал
12. March 2020 - 14:44

УЕФА ги одложи квалификациите за ЕП

Согласно развојот на настаните предизвикани од ширењето на covid-19 во Европа и со тоа рестрикциите за патување наметнати од страна на владите на европските држави, сите мини турнири од елитните рунди за пласман на европските првенства до 17 години, жени до 17 години, до 19 години и жени до 19 години, кои требаше да се одржат помеѓу 14. март и 14. април 2020 година се одложени.
 
Одлуката значи дека македонската репрезентација до 19 години нема да патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до 31. март. 
 
Ова е генерална превентивна мерка која се превзема со цел да се избегне можноста играчите - од кои повеќето се малолетни - да бидат одвоени од семејствата во случај некоја од владите на земјите домаќини да донесе мерка за затворање на граници или карантин.
 
Дополнителни информации за презакажување на овие натпреварувања ќе се споделат навремено, по детално проценување на можностите.
 
Поврзано со тековниот развој на ситуацијата со ширењето на Covid-19 низ Европа и анализите на Светската Здравствена Организација кои се менуваат од ден на ден, денес УЕФА ги повика претставниците на 55. земји членки, заедно со одборите на Европската kлупска Асоцијација и Европските лиги, како и претставници на ФИФПро да присуствуваат на состаноците кои по пат на видео конференција во вторник, 17 март 2020 со цел да се дискутира eвропскиот одговор на ширењето на вирусот.
 
Одлуките ќе се однесуваат на сите домашни и Европски натпреварувања, вклучувајќи го и УЕФА Европско Првенство 2020.
 
Информации и комуникација ќе се споделува по завршување на овие состаноци.