Фудбал
19. May 2016 - 10:00

УЕФА добива нов претседател во септември

На 14. септември во Атина ќе биде избран нов претседател на УЕФА изјави генералниот секретар на организацијата  Теодор Теодорис. 

Досегашниот прв човек на УЕФА , Мишел Платини се повлекува од функцијата откако доби 6-годишна суспензија бидејќи во 2011 година земал два милиони долари хонорар за консултатски услуги од поранешниот прв човек на ФИФА , Сеп Блатер. 
Рокот за поднесување кандидатури е 20-ти јули а кандидати се Анхел Марија Вилјар од Шпанија, Холанѓанецот ван Праг како и Словенецот Чеферин.