Фудбал
16. February 2018 - 12:59

УЕФА: Десет години и милион евра за „местачот“ Скендербег

Албанскиот прволигаш Скендербег ќе заработи најголема казна во историјата на фудбалот поради местење на резултати. 

Според локалните медиуми Скендербег ќе биде суспендиран 10 години од сите натпреварувања на УЕФА и ќе плати 1 милион парична казна. 
Дисциплинската комисија при УЕФА покрена истрага за сезоната 2015/2016 поради местење на натпревари во домашното првенство и на меѓународната сцена. 
Наместени биле натпреварите против Спортинг Лисабон, Динамо Загреб и Локомотив Москва.