Фудбал
9. August 2017 - 13:15

УЕФА: Благодарност до Скопје

Европската фудбалска федерација (УЕФА) со пофални зборови на својот твитер канал изрази воодушевување од организацијата. Натпреварот и се што беше предвидено на Националната Арена „Филип Втори“ се одвиваше без забелешки.
 
- Благодариме Скопје. Фантастичен домаќин на Супер купот 2017, е напишано во објавата.
 
Четириесет и второто издание на Супер купот се одигра синоќа во Скопје, а Реал Мадрид со 2:1 го победи Манчестер Јунајтед.