Македонија
12. јуни 2020 - 10:54

Удрил во пешак и избегал

Вчера во 10.30 часот било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(50) од Скопје по што го напуштило местото на настанот. 

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.