Македонија
12. May 2016 - 13:23

Удрил во ѕид и се превртел, тешка сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 04:50 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Стојковска изјави дека во несреќата е повреден 25 годишен жител на Демир Капија откако со автомобилот „форд фиеста“ што го управувал удрил во ѕид и се превртел.

Увид на местото на несреќата извршила  увидна екипа од СВР Велес.