Македонија
14. јуни 2020 - 11:17

Удрен пешак во Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди

Вчера во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(49) од Скопје, удрило во пешакот Л.С.А.(74) од Скопје. Во незгодата С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од СВР Скопје.