Македонија
7. November 2017 - 12:43

УЧК со ултиматум и повик до албанците да ги напуштат сите јавни институции каде работат

По донесување на пресудите за случајот "Диво насеље", се активира УЧК во Македонија со 72-часовен ултиматум.

Во новинската агенција Лајм пристигнало известување во име на генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје.

Во ова известување со бр. 6, санкционирана е одлуката на судот за осудувањето на членовите на кумановската група, додека од Албанците е побарано да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени. Се добива ултиматум од 72 часа кој започна вчера и ќе заврши во среда.