Училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода ќе добие нова термоенергетска фасада
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од оваа учебна година ќе добие нова, термоенергетска фасада. Во тек се градежните зафати овозможени преку соработката на Општина Кисела Вода и Цементарница Усје АД Скопје, соопшти општинската прес-служба.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, изврши увид во активностите во училишниот објект кои ќе им овозможат на учениците позатоплени училници и попријатна работна атмосфера во текот на зимскиот период.
Согласно договореното преку Секторот за локален економски развој, се работи на поставување на фасаден систем со изолација, изработка и монтажа на нови олуци, поставување на прозорски опшивки и окапници, чистење на столаријата и браваријата...
Темелковски со дирекорот на училиштето разговараше и за другите потреби што ги имаат учениците во овој објект и какви се можностите да се помогне во надминување на проблемите, се наведува во соопштението.
Увидот во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ е првиот од серијата проверки на состојбата во основните училишта која се одвива периодов. До почетокот на новата учебна година ќе бидат посетени сите училишта од овој дел од градот со цел, онаму каде е потребно, а општината има можност, финасиски да се интервенира.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок