Училиште во Шри Ланка остана без ученици поради страв од СИДА
Училиште во Шри Ланка остана без учениците, затоа што нивните родители не им дозволуваат да одат на настава, откако еден нивни соученик погрешно е осомничен дека е инфициран од вирусот на ХИВ, кој предизвикува СИДА.
Не помагна ни тоа што детето за кое што постоеше сомнеж дека е болно има повеќе лекарски наоди и специјален сертификат дека е сосема здраво и нема ХИВ, затоа што никој не верува во медицинските потврди.
Директорот на училиштето нареди тоа да остане затворено два дена, но родителите инсистираат не само да му се забрани на „болниот ученик“ да ја посетува наставата, туку се противат на тоа што учителите влегуваат во училиштето и контактираат со детето и неговата мајка.
Најгневните меѓу нив демонстрираа пред училиштето не дозволувајќи никој да влее во него, за да не се „заразеле“ училниците и другите простории.
Локалните медиуми во Коломбо пишуваат дека мајката на осомниченото дете се пожалила оти не само што нејзиниот син не го примаат во ниту едно училиште во оваа островска земја во Индискиот Океан, туку дека сега и таа не може никаде да најде работа.
Како причина за непотребниот страв и за општата хистерија што ја распалуваат родителите, се посочува смртта на таткото на детето, за кого се „раширила приказна“ дека починал од СИДА.
Неговата вдовица, Чандина де Соуса и мајка на детето, изјави дека ништо од тоа не е точно. Нејзиниот сопруг починал од друга болест, а таа и за тоа има лекарски наоди, но засега ништо не и помага.
- Протестирав против сите овие лажни обвинувања, но ништо не ми помогна, изјави Де Соуса за локалните медиуми.
Таа и нејзниното семејство се католици, како далечни потомци на некогашните португалски колонизатори, од кои освен религијата ги задржале и португалските презимиња и имиња.
Според податоците на ОН, во 2014 година во Шри Ланка биле регистрирани 3.100 возрасни и 100 деца заразени со ХИВ. Тоа е само 0,1 отсто од вкупната популација во земјата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот