Училиштата во Струмица подготвени за новата учебна година со намален број првоодделенци
Основните и средните училишта во општина Струмица се подготвени за успешно започнување на новата учебна година, информираше градоначалникот Коста Јаневски по посетата на неколку основни општински училишта во градот.
Додаде дека во споредба со лани запишани се 29 ученици помалку во прво одделение, односно вкупно се запишани 531 ученици, од кои 451 во општинските и 80 во подрачните училишта. Лани биле запишани 560 првоодделенци, а во подрачните училишта во селата Попчево, Габрово, Раборци, Дорломбос и Мемешли годинава не се запишани деца во прво одделение.
-За новата учебна година, општина Струмица за првпат од својот буџет издвојува средства за ужина на ученици од основното образование во висина од 2.022.440 денари и 600.000 денари за набавка на училишен прибор за учениците од основното образование од социјално загрозените семејства. И годинава општина Струмица обезбеди 650 илјади денари за училишни униформи за сите ученици од прво одделение, рече градоначалникот Јаневски.
Покрај тоа, обезбедени се 1.693.587 денари за капитални инвестиции, од кои е поставена меѓукатна конструкција во ООУ „Маршал Тито“ во Струмица, како и замена на подот и дотраените плочки со нови по скалите, влезот и терасата и набавка на врати со каси во висина од еде милион денари, а останите средства се инвестирани во поставување нови внатрешни врати,промена на подот, санација на ѕидовите и реконструција на фасадата во подрачните училишта во селата Банско и Водоча.
Инаку, во новата учебна година во трите средни училишта во Струмица во прва година се запишале вкупно 753 ученици.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација