Македонија
1. October 2020 - 16:58

Училишните згради стојат празни, децата немаат средства за учење онлајн

Во современото основно  училиште Страшо Пинџур во Вевчани школувањето наместо со физичко присуство стартува онлајн.И покрај тоа што дури 98 посто од родителите се изјасниле за образование во училница сепак не доби согласност за организирање настава со физичко присуство за учениците од 4то одделение до 9то .

Надлежните велат дека училиштето ги задоволува сите услови пропишани од комисијата за заразни болести има три влеза и паралелки со помалку од 20 ученици.

Како родителите така и учениците разочарани од ваквата одлука велат дека најголемиот проблем ќе биде немањето на услови за следење на настава преку интернет .

Од советот на родтели од Вевчани велат дека доколку не се изјаде начин за физичко присуство на учениците  од 4то одделение до 9то  не ја исклучуваат можноста од организирање на протести.