Спорт плус
24. јуни 2016 - 19:40

Училишниот спортски камп од 27 јуни до 7-ми јули во Охрид

Се е подготвено за новото издание на „Улилишн спортски камп 2016’’ кој е во организација на Агенцијата за млали и спорт и Федерацијата за училишен спорт на Република Македонија, а ќе се одрганизира во Охрид од 27 јуни до 9 јули.

На денешната прес конференција одржана во АМС, директорот Марјан Спасески истакна дека овој камп преставува награда за најдобрите од училишните спортови.

- По започнувањето со акцијата за формирање на училишни спортски клубови во сите училишта, каде околу 35 илјади ученици од основните и средните училишта секоја година се натпреваруваат меѓусебно низ училишните натпревари, како награда по завршувањето на учебната година најдобрите одат на кампот, истакна Спасески.

Исто така, Спасески посочи дека најповолното место за развој на спортот од аспект на масовноста и од аспект на квалитетот се училиштата и во таа насока Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе продолжи да реализира вакви проекти.

- Со единствена цел да се овозможат вистинските предуслови, младите и талентирани спортисти од училишните клупи да продолжат да се занимаваат со спорт професионално и да станат репрезентативци на Македонија вложуваме во делот на училишниот спорт. Со ова докажуваме на дело дека се грижиме за нашите ученици-спортисти, за нивниот правилен психофизички развој, но истовремено ја валоризираме нивната заложба и ги наградуваме нивните резултати кои ги постигнаа во училишните спортски лиги, дополни директорот на АМС, Спасески.

Претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија проф.д-р Александар Туфекчиевски и координаторот на кампот проф. д-р Зоран Радиќ во своите говори заеднички заклучија дека најдобрите ученици спортисти кои ќе бидат заедно на кампот ја претставуваат иднината на македонскиот спорт и воедно, додадоа дека со вложувањата во училишниот спорт се вложува во спортската иднина на Македонија, која воедно претставува основна база за развојот на спортот.

Прес-конференцијата се искористи и да се испрати екипата на средното општинско училиште „Никола Карев" од Струмица на Светското првенство во одбојка каде што ќе настапуваат 32 екипи од целиот свет.

„Училишниот спортски камп 2016 година“ во Охрид ќе се одржува во две смени и тоа првата од 27 јуни до 2 јули и втора смена од 4 јули до 9 јули.