Македонија
10. јуни 2020 - 16:39

Училишната година заврши, дали ќе продолжи од септември?

Заврши учебната година. За прв пат, учениците последниот училишен ден го дочекаа надвор од училишните клупи, поради корона вирусот. За изминативе три месеци, министерот за образование вели дека во главно е задоволен како се одвивала наставата. Но призна дека учењето од дома има и пропусти.

Поради тоа, Адеми се надева дека учениците од  септември ќе се вратат во училишните клупи. Во меѓувреме министерството подготвува стратегија како би се одвивала наставата, во случај да продолжи корона кризата.

Инаку во тек се уписите на првачињата, а од следната недела ќе може да се запишат и учениците во средните училишта. Од неделава полагаат и студентите. Овие активности се одвиваат под посебно утврдени протоколи.