Македонија
9. September 2016 - 12:58

Училишен прибор за ученици од социјално-ранливите групи во Кочани

Ранци и училишен прибор добија учениците од социјално-ранливите категории во петте основни училишта во општина Кочани. Помошта е обезбедена согласно Програмата за поддршка на образованието на општина Кочани.

- Помошта се состои од 50 комплети – ранци и училишен прибор потребен за различни наставни предмети: тетратки, шестари, боици, фломастери, хартија во боја и слично, зависно од возраста и потребите на учениците. Комплетите ги доставивме до петте основни училишта, од каде што им се поделени на учениците, изјави Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општината.

Паралелно со ова, општината ја спроведува и акцијата за поддршка со облека и обувки за учениците од социјално-ранливите групи.

Оваа помош, според Георгиева, ќе се обезбедува со проектот „Подадена рака“ преку Центарот за донација во Кочани, кој веќе започна да работи и во кој се донираат облека и обувки.

Покрај овие активности, во основното училиште „Малина Поп Иванова“ се спроведува акција за донирање училишен прибор за децата од социјален ризик кои учат во ова училиште.