-->
-->
Учесниците на протестот пристигнаа пред Собранието
-->
Протестниот марш што вечерва почна пред Владата, засега се одвива мирно. Учесниците стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието и веќе се таму.
На протестот се слушаат патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија. Присутни се и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог.
Ова е седми ден од протестот што се одржува под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана