Живот
2. November 2015 - 16:11

Ученик нокаутира директор: Погледнете го бруталното видео снимено во средно училиште

Во тепачка меѓу ученици во средно училиште најдебелиот крај го извлекол директор кој сакал да ја смири ситуацијата.

Тепачката во средното училиште Флорин во Сакраменто завршила со апсење на тројца ученици, а тројца службеници на училишето се повредени. Меѓу нив е и директорот на училиштето, кого ученик го подигнал и фрлил на под.

- Тоа беше хаос. Видов како директорот настрада - раскажал Морис Вонг, еден од учениците во училиштето.

Видео од тепачката се појавило на друштвените мрежи. Откако започнала тепачката училишниот надзорник, директорот на училиштето и уште еден полицаец пробале да ја смират ситуацијата но на крај и тие добиле ќотек.

Двајца ученика од 15 години и еден од 13 се уапсени после тепачкатa.