Македонија
13. September 2019 - 16:14

Учениците ќе ја учат химната ама и песни од сите заедници

„ Нема да ја учиме, затоа после ќе ја грешиме“  по рекацииите на социјалите мрежи дека во новите учебници по музичко ја нема државната химна,  но има песнички за Северна Македонија, Бирото за развој на образование се јави со демант. Од таму велат дека химната останува да се учи согласно новата програма уште од прво одделение.

Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образовани и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22.05.2008 година).

Единствена новина е дека децата од шестто до деветто ќе пејат песнички на аблански, турски, ромски и јазиците на другите малцинства,  велат од Бирото.

Она што е новина и она на што инсистиравме при изработката на овие програми, за разлика од досега, е тоа јасно и недвосмислено да биде застапен и препознаен мултиетничкиот карактер на македонското општество. Учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Преку избраните песни на овие народи да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите

Од таму напоменуваат и дека не се надлежни за издавањето и печатењето на учебниците, туку се вклучени само во делот на давање мислење за усогласеност на учебниците со наставната програма.