Македонија
9. November 2019 - 16:39

Учениците бараат од општината Аеродром наместо гардинка да им обезбеди подобри услови на игралиштето во Мичурин

Теренот е дел од нашето детство, не ни го земајте детството, вакава порака упатија основците од училиштето Блаже Коневски кои заедно со своите родите излегоа на протест. Наместо да се гради градинка, бараат да се обнови игралиштето, за кое како што велат е единственото во околината каде можат да играат. Родителите велат дека не се против изградба на градинка, но не на ова место.

На стартот на средбата со општинските власти не изостана обидот да се замеша и политиката.

Откако се смирија тензиите, родителите разговараа со градоначалниокот на Аеродром. Засега конкретно решение нема. Ќе има втора средба, најави градоначалникот.

Родителите  се надеваат дека општината нема да остане глува за нив, но и дека ќе се обнови училиштето старо 60 години, за кое тврдат дека нема соодветни услови за работа.