Македонија
25. September 2019 - 17:59

Ученици од посебното училиште во Ново Село цртаа на отворено

 Во организација на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица и Посебното основно училиште „Свети Климент Охридски“ од Ново Село денеска се реализирше едукативна работилница, на која децата со помош на нивните ментори и вработените од Домот за деца и млади цртаа на слободна тема на хамер со мрсен пастел

Работилницата се одвиваше во паркот на општина Ново Село.

-Целта на оваа работилница е продолжување на соработката со ова училиште, како и работа и едукација на децата за ликовната уметност. Пред се работа и соработка со учениците од ова училиште во секоја прилика, а не само на 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рече Светлана Мазгалоска Вучетиќ од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

Созадените ликовни творби остануваат на училиштето и истите ќе бидат изложени за нивниот патронен празник на 8 декември.