Ученици и наставници од Форино во посета на училиште од Кочани
Педесетина ученици и наставници од Основното училиште „Форино“ од гостиварското село Форино денеска ги посетија своите врсници и колеги од Основното училиште „Никола Карев“ во Кочани, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за меѓуетничка соработка во образованието.
- Соработката трае веќе две години и ние како училишта мошне успешно соработуваме на повеќе полиња. Учениците меѓусебно се запознаваат, разменуваме искуства во работењето, а работиме и на заеднички прокет за меѓуетничка соработка во образованието. Добиените резултати за двете училишта се драгоцени и тие ќе придонесат оваа соработка да трае и понатаму, истакна Хајут Месими, директор на ОУ„Форино“.
За учениците од ОУ„Никола Карев“ од Кочани денешната средба помина во знакот на меѓуетничката соработка. Учениците од двете училишта настапија со македонски и албански ора, со натпревар во футсал, а се одржа и работилница за изработка на предмети од хартија. Во спортската сала на училиштето голем број ученици ја следеа програмата која заврши со заедничко оро на учениците од двете училишта.
Учениците од Форино се запознаа и со културно-историските споменици на Кочани, а во градскиот парк во Кочани положија цвеќе на споменикот на Никола Карев, патронот на кочанското училиште.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок