Живот
28. November 2018 - 21:18

Ученици ги „ископале“ секси фотографиите на својата професорка: Кога до нив дојдоа раководителите на училиштето веднаш е суспендирана

Професорката по математика Аналиса Алтарива (33) е суспендирана откако учениците на Фејсбук ги откриле нејзините секси фотографии.

Иако фотографиите се стари 5 години и 33-годишната жена тогаш не работела како професорка, раководството на училиштето во англискиот Бирмингем сепак ја суспендираше.

На една од фотографиите кои кружеле меѓу учениците, професорката е во црно тесно фустанче со нагласено длабоко деколте.

Во објавите на Фејсбук кои ги пишувала во 2013 годин признава дека „премногу размислува за сексот“ и дека нејзиниото најголемо достигнување е тоа што луѓето веруваат дека ќе стане порно ѕвезда.

„Ова не е шега. Со какви личности се опкружени моите деца? Не можеш да ја работиш својата работа и така да се однесува“, рече една мајка на три деца на чиј син му предавала професорката, пишува The Sun.

Персоналот од училиштето за фотографиите дознале кога забележале дека децата меѓусебно си ги разменуваат преку телефоните и тогаш професорката ја соочиле со непријатната содржина.

Училиштето не сакало да го коментира случајот, а професорката и нејзиното семејство се скриваат од јавноста.