Македонија
24. September 2015 - 16:42

Ученичката Симона Калешова од Велес доби признание од чешкиот Амбасадор Рамеж

На меѓународниот ликовен конкурс „Лидице 2015“ во организација на Република Чешка, ученичката Симона Калешова од ООУ „Благој Ѓорев“ под менторство на наставникот по ликовно образование Живко Пренџов освои престижна награда.

Како што информира за медиумите Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес, по тој повод денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, лично Амбасадорот на Р.Чешка во Р.Македонија Мирослав Рамеж на наградената ученичка и го врачил признанието.

На покана на Амбасадорот на 20. октомври добитниците на наградите ќе гостуваат во Чешката Амбасада во Скопје.