Македонија
1. September 2015 - 11:53

Учебната година ја почнаа 200 првачиња во општина Илинден

Во трите централни и петте подрачни училишта во општина Илинден денеска 200 првачиња го имаат првиот училишен час.

Успешен почеток им посака градоначалникот Жика Стојановски, а учениците од повисоките одделенија подготвија приредба.

Новата учебна година започна за 2.000 ученици во сите основни училишта во општината, а во средното општинско стручно училиште „Илинден“ учебната година ја почна и третата генерација средношколци каде годинава во двете паралелки за електротехника, информатика, ИКТ и автоматика се запишаа 60 ученици со што во средното училиште сега настава посетуваат вкупно 200 средношколци.