Македонија
24. November 2015 - 16:46

Ублажена казнената политика кон матичните лекари

Опомени наместо казни. Фондот за здравство ја ублажува казнената политика кон матичните лекари.

Ако досега за непочитување на работното време матичните добиваа помала капитација, сега прво ќе бидат опоменати, па потоа казнувани.

Истото ќе важи и доколку им недостига дел од задолжителната ампуларна терапија или има техничка грешка во рецептот или упатот.

Но,  од друга страна Фондот ќе ги засили контролите. Ако матичните наплаќаат неосновано и профитираат на грбот на пациентите три месеци нема да добијат пари од фондовската каса.

Направени се и измени во договорите околу породилното или долготрајното боледување на лекарите.

Од сега матичните нема потреба да се грижат за состојбата на ординацијата, пациентите и медицинската сестра, бидејќи фондот ќе ја плаќа замената која ќе третира болните.