Бизнис
3. July 2018 - 19:36

Убиството застарува, сметките не: Граѓанските здруженија се противат на предлог законот за отпис на камати на долгови

Дискриминирачки, селективен, закон кој нема да ги опфати најголемите трошоци на граѓаните.

Дел од граѓански здруженија бараат повлекување на прелог  законот за отпис на каматите за старите долгови, по кој се расправаше во собранието. Велат дека него не се опфатени сите јавни претпријатија туку само дел.

Бараат со законот освен долгот за камати да се дозволи и бришење на трошоците кои граѓаните ги имаат кон нотарите и извршителите, затоа што во вкупниот износ, најголем е долгот токму кон нив.

Од здружението НО ПАСАРАН велат дека  проблем е и тоа што  граѓаните многу често не се известени дека должат. Најчесто стигнуваат до извршител. Проблем е и тоа има злоупотеби со судските печати.

Пратеникот Панчо Минов е еден од предлагачите на законот  посочи дека  законот за отпис на камати  повлекува и други закони- за облигационо прави и за изврување.

Со прелодг законот се предвидува на граѓаните да  им биде отпишан  трошокот од камати од старите  долгови за фискна и мобилна телефонија, за кабловска,за одржување на заеднички простории , наводнување на земјоделско земјиште, струја вода. Дел од јавните прептијатија кој  се опфатени задолжително ќе го опростат каматите, за приватните можноста е  доброволна и не се  опфаќаат трошоците за извршител, нотари и адвокати. Тие не присуствуиваа на расправата во собранието.