Македонија
3. December 2015 - 18:36

Убиство во тетовска Мала Речица

Четириесет и три годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец  е убиен попладнево во чајџилница на ул.„Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, информира јавниот обвинител Бранислав Нешовски од Тетовското јавно обвинителство. 

Нешоски изјави дека околу 15:30 часот  добил информација за убиство, по извршениот увид  е утврден идентитетот на убиениот,  а осомничен за убиството е Џафер Османи со прекар Џафа, жител на ул.„Иво Лила Рибар“ од Тетово.

Осомничениот веднаш по убиството избегал, а според првичните информации од увидот Нешовски рече дека Хасани е убиен со еден истрел во близина на срцето. За поточно утврдување на начинот како настапила смртта кај Хасани телото е предадено за обдукција.

Нешовски потврди дека има сведоци и очевидци на настанот и оти продолжуваат другите активности за рачистување на случајот.