-->
-->
Убиство во обид во поштата во Тетово: Нервозен клиент нападнал со нож вработена, контролор и таксист
-->
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Н. (57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ предвидено и казниво по чл.123, во врска со чл.19 од КЗ на РМ.
На 14.овој месец околу 13,00 часот во објектот на АД “Македонски пошти“ на ул.“Илинденска“ во Тетово, откако вработената Ф.А. (31) му посочила на пријавениот дека поради промена на работната смена, ќе треба да почека за уплата, пријавениот удрил со тупаница во шалтерското стакло, при што од парчињата од скршеното стакло истата се здобила со исекотина на лицето.
При тоа излегол контролорот С.И.(53), кој забележувајќи дека пријавениот држи нож во раката, го замолил да го напушти објектот, при што пријавениот почнал да упатува заканувачки зборови кон С.И., а потоа го нападнал со ножот, нанесувајќи му исекотина во пределот на лицето.
Откако пријавениот го напуштил објектот влегол во такси возило, управувано од М.А.(60), му се заканил дека ќе го убие доколку не го одвезе на одредена адреса.
Откако М.А. му одговорил дека има повик од други патници, пријавениот и нему му нанел две убодни рани во пределот на десната рака и една исекотина во пределот на дланката на левата рака.
Од страна на полициски службеници пријавениот бил приведен, а од на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората