Балкан
17. October 2016 - 19:34

Убиство среде Градскиот парк: Застрелани двајца млади

Шокантни снимки од убиство на кои се гледа како од огнено оружје се убиени две лица во градскиот парк во Приштина, се појавија на интернет.

На видео снимката може да се види како осомничениот Лулзим Идризи од Албанија од огнено оружје ги убива Аријанит Гаши и Ерон Агај.

Иако се наоѓа во бегство, осомничениот и натаму слободно поставува фотографии на социјалната мрежа Фејсбук.

Од полицијата во Косово изјавија дека истрагата е во тек.

Погледнете го видеото кое е со вознемирувачка содржина: