Македонија
23. April 2020 - 14:31

Убиство со нож во Липково

СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од с.Липково, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Пријавениот, на 18.04.2020, во близина на селската џамија во село Липково, по претходна расправија поради нерасчистени семејни односи, со нож го нападнал неговиот братучед Ј.С. од с.Липково, нанесувајќи му повреди со смртни последици.