Балкан
11. May 2017 - 10:32

Убиство па самоубиство: Ја искасапил жената после разводот

Миле Обрадовиќ (67) завчера околу 18 часот со повеќе убоди од нож ја усмрти својата поранешна сопруга Мира Радумило (55), а потоа себиси се рани и почина на операционата маса во сомборската болница.

По обдукцијата на телото, кое е направено во Заводот за судска медицина во Нови Сад, вчера на градските гробишта во Апатун се погребани Мира во 15, а Миле во 17 часот.

Ужасно злосторство

Злосторството се случи во куќата на несреќната жена во Апатин.

-Ја убил во собата. Таа лежела мртва на каучот, а тој покрај неа клечел на подот. Давал знаци на живот. Имал јаже околу вратот, крв имаше по целиот стан, па и кај влезната врата, а кога ние дојдовме, малку откако се освести, се забоде неколку пати со нож. Глетката беше ужасна, наведува извор близок до истрагата.

Итната помош го однесе во сомборската болнциа, по поради тежината на повредите почина на операционата маса и покрај огромните напори од дежурните хирурзи да му го спасат животот.

Семејството и пријателите биле запознаени со проблемите на поранешниот пар. Велат дека Мира порано неколу пати го пријавувала за закани и напади, но во последно време, не го правела тоа, наводно доста и било од живот во страв.

Живеела во страв

-Целиот нивен заеднички живот беше пекол за Мира. Трпеше ќотек, закани, го пријавуваше во полиција, која пред ноколку години му го одзеде оружјето што го поседуваше зошто беше ловец. Бил дури и сместен во болница. Меѓутоа немало лек за неговата опсесија. Постојано ја следел, се возел со велосипед пред нејзината куќа, ја пресретнувал на улица. Едноставно од него немала мир, и живеела во постојан страв. Пред 7 години дошла да живее во кучата на мајката. По нејзината смрт, тука останала да живее сама, а од пред година дена кај неа се преселил синот на покојната сестра и се чинеше дека следуваат некои поубави и помирни години од претходните, раскажува низ солзи блиска роднина на покојната Мира.

Две недели ја следел и и се заканувал

По краткиот мир, заканите продолжиле пред 2 недели и се интензивирале.

-Се пожали неколку пати, но и рече дека нема сила и дека повеќе не се плаши. Се гледаше во нејзиниот поглед и однесувањето дека долго живее во страв. тој беше таков и не можеше ниту со неа, ниту без неа. Нон стоп ја следеше, не и даваше мир. Беше опседант и посесивен. И сметаше тоа што контактира со нивната ќерка и ги гледа внуците, кои ги обожувале, шестгодишната внука и пред неколку месеци родениот внук. А тие, покрај работата во старечкиот дом, беа целиот нејзин живот, низ солзи раскажува роднината.