Балкан
18. јуни 2018 - 13:20

Убиство и самоубиство ги потресе соседите

Во мало туристичко село кај Задар е завиено во црно откако се случила незапаметена трагедија кога татко си ја убил ќерката.

Сосема обичното семејство приредило хорор кога 56-годишниот татко со пушка ја убил 28-годишната ќерка, па си пресудил самиот.

Соседите велат семејството било навистина добро, таткото многу работел, сакал да купи и автомобил за ќерка си. Го забележале дека е како отсутен со мислите и многу ослабен.

Во времето на убиството дома биле сопругата и другата ќерка, а засега мотивот никој не го знае.