Македонија
21. April 2021 - 12:31

Убиство и обид за самоубиство во Струга

Убиство и обид за самоубиство во Струга. Семејната расправија помеѓу младиот брачен пар заврши фатално, сопругот со повеќе убоди од нож откако ја убил својата 34 годишна жена се обидел да се самоубие. Немилиот настан се случил вчера на улицата Ристо Крле во домот на пријатели на семејството додека биле на гости каде жената веднаш им подлегнала на повредите додека нејзиниот сопруг е пренесен во болницата во Струга.

Струшкото Обвинителство изврши увид, во станот во Струга каде се случи крвавиот настан додека по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата.

- Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот, соопшти Обвинителството.

Младиот брачен пар имал и две малолетни деца.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен кој е хоспитализиран во струшката болница е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​