Убил 5 жени и 2 деца: Седум доживотни казни за серискиот убиец од Кипар
Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца.
Никос Метаксас (35) се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години. Двете убиени девојчиња, на возраст од шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.
Убиецот на денешното изрекување на казната дојде без адвокат, а при читањето на обвинението почна да плаче.
-Извршив одвратни злосторства, рече поранешниот капетан, изразувајќи сочуство на семејствата на жртвите.
Извршителот е разведен татко на две деца. Жртвите, кои работеле како домашни помошнички, ги пронаоѓал на Интернет и ги убил во периодот меѓу септември 2016 и август 2018 година.
Началникот на полицијата доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради лошо спроведената истрага, при што исчезнувањето на жените не се сфаќаше сериозно бидејќи исчезнатите жени биле од странство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица