-->
-->
Убил 49 проститутки и ги продавал во месара - „Сакав да заокружам на 50“
-->
Канадската јавност успеала да ја запре продажбата на контроверзната книга која ја потпишал Роберт Пиктон (68), некогашен мултимилионер кој во моментот отслужува 25-годишна казна затвор поради убиство на 26 жени.
Пиктон во 2007 година е обвинет дека убил 26 жени( во 20 случаи пресудата не е изречена), но се верува дека ниту тоа не е конечна бројка бидејќи во текот на судењето во неговата ќелија, на полицаец на тајна задача му се пофалил дека усмртил 49 жени.
- Си ископав сопствен гроб, бидејќи бев неуреден, рекол Пиктон, додавајќи: Сакав да убијам уште една и да заокружам. Требаше да бидат точно 50.
Книгата на Пиктон на 29 јануари 2016 ја објавил издавачот од „Колорадо аутскиртс прес“, а книгата се појавила во онлајн-продажба на Амазон за цена од 20 долари.
Издавачот во меѓувреме им се извинил на семејствата на жртвите што воопшто се вплеткал во оваа работа, а се уште се истражува како книгата која е напишана на 144 страници е прокриумчарена од затворот.
Колку што и е познато на јавноста, во оваа книга може да се пронајдат транскрипти од разговори со полицијата, односно да се прочитат тврдењата на Пиктон дека е невин.
Тој и денес тврди дека се му е подметнато, и дека е жртвено јагне, иако на неговата фарма за свињи се пронајдени ДНК траги од дури 33 исчезнати жени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација