Убиениот бил влијателен член на ДУИ во Куманово
Наим Реџепи е лицето кое вечерва беше убиено во вооружена престрелка во Мала Речица. Наим била влијателен член на ДУИ во Куманово, пшишува Фактор.
Реџепи е од село Белановце, Липковско.
Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува Коха.
Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Додека пак тешко повреден е и близок роднина на убиениот Наип Реџепи.
Според информациите на МВР денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација