Убиени тројца полицајци
Тројца полицајци се убиени синоќа во напад на ПКК во југоисточниот дел на Турција. Борци на ПКК стрелале врз возилото на полицајците со гранати и автоматско оружје. Нападот бил извршен синоќа во реонот на градот Силопи, округот Шарнак.
Силите за безбедност почнале голема операција за пронаоѓање на извршителите. Поради нападот, министерот за внатрешни работи Селјами Алтанок ја откажа програмата во округот Ерзурум и отпатува за Анкара.
Весникот „Сабах“ пишува дека по првпат во борбата против терористите од ПКК се објавува награда за главата за некои од нив. Станува збор за Џелал Џандемир, командир на курдските борци во Тунџели. Награда во износ од 300.000 турски лири (96.000 евра) ќе биде дадена на лицето или лицата кои ќе ја кажат локацијата на Џандемир, во зависност од тоа колку ќе биде корисна информацијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација