Свет
20. May 2019 - 13:30

Убиени 11 лица во бар во Бразил

Единаесет лица се убиени, а едно е рането во бар во градот Белем, во северен Бразил, јавија локалните медиуми.

Вооружени напаѓачи кои носеле маски на лицата стигнале до барот во населбата Гвама со мотори и автомобили и убиле шест жени и петмина мажи.

Нема податоци за мотивот на нападот и се уште нема уапсени.

Населбата Гвама, каде е извршено убиството, е една од седумте најнаселени во градот Белем, каде што во март, во рамки на зголемени мерки за безбедност, беа распоредени и војници.