Свет
15. јуни 2017 - 15:28

Убиена сопругата на премиерот на Лесото на два дена пред неговата инаугурацијата

Сопругата на новоизбраниот премиер на африканската држав Лесото, Томас Табане е убиена на улица, додека со една своја пријателка одела кон својата куќа, соопшти локалната полиција.

Убиството на Липолело Табане (58) која е разделена од сопругот, се случи на само два дена пред инаугурацијата на Табане на премиерската функција.

Во полицискотосоопштение се вели дека двете жени биле застрелани од непознат напаѓач кој исчезнал во непознат правец. Отворена е истрага за убиството, но полицијата засега не го знае мотивот за нападот.

Убиената и новиот премиер Табане се разделени уште од 2012 година, но тие се уште не се формално разведени.

Тој сега живее со својата трета сопруга, а убиената Липолело успеа на суд да издејствува дека таа ке ги има привилегиите на „права дама„ иако е разделена од сопругот, а не сегашната најмлада сопруга на Табане.

Изборите се одржаа на почетокот од овој месец и тие беа трети во последните три години.

Посматрачите во главнот град Масеру проценуваат дека борбата за власт во оваа земја на југот од Африка и натаму е силна, како и дека Табане се уште има непријатели во воениот врв на земјата.

засега не е најавено дека поради убиството на разделената сопруга, ке се одложи утрешната инаугурација на новиот премиер Табане.

Лесото е земја на африканскиот југ во која живеат околу три милиони жители и таа е  од сите страни  заобиколена со територијата на Јужна Африка.