Свет
8. November 2019 - 11:09

Убиен полицаец во Мексико кој учествувал во апсењето на синот на Ел Чапо, напаѓачите испукале 150 куршуми

Полициски службеник во Мексико, вклучен во апсењето на синот на накобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман е убиен на паркингот.

Убиството го снимиле камери во средата наутро и на на видео снимките  се гледаат двајца мажи со полуавтоматски пушки како излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел Нисан.

Заседата траела помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеле да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, објави Дејли Меил.Убиството се случило во трговски центар во Кулиакан, главен град на мексиканската држава Синаола.

Полицаецот убиен за време на тој напад, идентификуван како Едуардо Н. (32), припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17 октомври офицерот учествувал во апсењето на Овидиј Гузман Лопез, син на Ел Чапо Гузман, шеф на нарко картелот.