Убиен полицаец во Мексико кој учествувал во апсењето на синот на Ел Чапо, напаѓачите испукале 150 куршуми
Полициски службеник во Мексико, вклучен во апсењето на синот на накобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман е убиен на паркингот.
Убиството го снимиле камери во средата наутро и на на видео снимките се гледаат двајца мажи со полуавтоматски пушки како излегуваат од црвен автомобил и пукаат во бел Нисан.
Заседата траела помалку од 30 секунди, но за кратко време напаѓачите успеле да го погодат белиот автомобил со најмалку 150 куршуми, објави Дејли Меил.Убиството се случило во трговски центар во Кулиакан, главен град на мексиканската држава Синаола.
Полицаецот убиен за време на тој напад, идентификуван како Едуардо Н. (32), припаѓал на елитната единица на државната полиција. Според извештаите на локалните медиуми, на 17 октомври офицерот учествувал во апсењето на Овидиј Гузман Лопез, син на Ел Чапо Гузман, шеф на нарко картелот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација